Избор Струга

Во име на соживотот и соработката стружани групно ќе скокаат во реката Црн Дрим

Струга, 24. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Со колективно скокање во водите на реката Црн Дрим, утре во 11:00 часот, на некој на реката, во близина на Мостот на поезијата, ќе биде свечено отворен фестивалот „Ynё Bizim Nostru Наш Amaro Naš Festival“.

– Фестивалот се состои во два дела – денски и вечерен. Денскиот дел ќе се одвива во Паркот на поезијата каде ќе се одржат множтво активности: изработка на мозаик, детско ликовно катче, фото катче, стари занаети и сл. Вечерниот дел содржи видео презентации, ДЈ сетови, и Drum Circle – музичка работилница. На настанот се добредојдени сите граѓани од Струга, Вевчани и околината, кои сакаат да живеат тука, кои веруваат дека соживотот и соработката е вистинскиот избор за нашиот регион и кои се спремни да го дадат својот придонес вклучувајќи се во нашите активности во следните три години, информираат организаторите од Локалната агенција за развој од Струга и Граѓанската организација „Креативни и активни“ од Струга.

Додаваат дека настанот е дел од проектот „Декада на припадност – славење на различностите“,  чија цел е да придонесе за подобрување на меѓуетничките односи во југозападниот регион, преку зајакнување на соработката меѓу граѓанските организации, јавниот и приватниот сектор. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука