podravkalino1

Ангела Маркоска од Ohrid SUPERSTAR започна со снимањето на нејзиниот Тв проект – „Подравка лето со Лино“

Охрид, 26. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – Младата охридска актерка Ангела Маркоска, која се претстави пред пошироката јавност во рамките на Талент шоуто Ohrid SUPERSTAR, денес започна со снимањето на првата епизода од нејзиниот Тв проект „Подравка лето со Лино“.

Таа ја доби наградата од организаторите на Ohrid SUPERSTAR за сопствен Тв проект, кој во продукција на охридската О2 телевизија, ќе започне наскоро да се емитува.

podravkalino2                                  најмладите од „Јасна Ристевска“ во посета на „Тамаро“podravkalino3– Кампањата „Подравка лето со Лино“ е замислена да трае во текот на месеците јули и август 2017 година. Станува збор за Тв емисии во траење од по 30 минути кои би се емитувале на О2 телевизија, а основната идеја е да се анимираат најмладите за здравиот начин на живот, исхраната и слични теми. Активни учесници во проектот се најмладите од Детската градинка „Јасна Ристевска“ од Охрид. Денес тие со песна и игра ја пречекаа Тв екипата во нивната Градинка, по што заедно со водителката Маркоска го посетија „Тамаро“ маркетот на улицата „7-ми Ноември“, но и студиото на Супер радио каде се запознаа со начинот на кој се создава радио програмата. Тие исто така беа во посета на забарот Беби Ласовски, од кого добија одговори на многу од детските прашања за здравите заби, хигиената и оралното здравје, информираат организаторите на проектот.

podravkalino4во ординацијата на д-р Беби Ласовски

podravkalino5

во студиото на Супер радио

Зад идејата на проектот стои креативниот тим на Супер радио и охридските „Тамаро“ маркети, кои застанаа и зад проектот Ohrid SUPERSTAR кој беше избор за талентирани млади луѓе од регионот на Охрид и Струга. Ангела Маркоска ја доби наградата на О2 телевизија за сопствен Тв проект, кој токму денес започна со својата реализација. По комлетирањето на истиот, епизодите на „Подравка лето со Лино“ ќе се емитуваат на програмата на оваа регионална телевизија. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива