Барбарела со видео за двата ТВ концерти
Скопје/Охрид, 23. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Македонскиот бенд Барбарела, во кој членува охридскиот бас гитарист Јане Тодороски, објави снимен видео материјал од двата ТВ концерти, кои ги одржаа за музичката интернет телевизија Bla Bla и за 24 Вести.
Бендот изведе репертоар на понови песни, како и постар материјал на одредени членови на бендот, но адаптирани во нови аранжмани.
На видео материјалот се темите: „Во гнездо на змеј“, „Со краток фитил“, „Чиста сметка долга љубов“, „Утре јави се“, „Барбарела“, „Сања Лазања“, „Флерт“, „Минско поле“, „Седи не ме знаеш“ и други.
Во бендот членуваат Александар Ристовски – Принц – вокал и гитара, Дарко Тасев – гитара, Јане Тодороски – бас и Виктор Филиповски – тапани. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |