vmrogruevski

ВМРО-ДПМНЕ со нов ИК: Мицкоски е нов Генерален секретар, место и за охриѓанецот Богдан Илиевски

Скопје, 30. јули 2017 (ОХРИДПРЕС) – ВМРО-ДПМНЕ синоќа избра нови 19 членови на Извршниот комитет (ИК) на партијата, а меѓу нив повеќе не се осум од досегашните високи функционери.

Во новиот ИК повеќе не се поранешните министри Владимир Пешевски, Емил Димитриев, Зоран Ставрески, Гордана Јанкуловска, Миле Јанакиески и Кирил Миновски, како и најблиските соработници на Никола Груевски, Мартин Протоѓер и Сашо Мијалков, кој претходно соопшти дека е повлекува од сите функции на партијата додека против него течат судските процеси кои ги покрена Специјалното јавно обвинителство.

Директорот на ЕЛЕМ, Христијан Мицкоски е новиот Генерален секретар на партијата на местото на поранешниот технички премиер Емил Димитриев. Од досегашните членови, во извршниот комитет на партијата остануваат: Илија Димовски, Владимир Ѓорчев, Никола Попоски, Никола Тодоров, Даниела Рангелова и Коце Трајановски.

За членови на Извршниот комитет се избрани 19 нови лица. Меѓу нив Никола Србов од „Стоп операција Сорос“, охриѓанецот Богдан Илиевски од „За заедничка Македонија“, поранешниот портпарол на владата Александар Георгиевски, како и пратениците Ане Лашкоска и Зеќир Рамчиловиќ, Анета Стојановска Стефанова, Дијана Транталовска, кошаркарот Дејан Јовановски, нефрологот Игор Николов, поранешниот министер за странски инвестиции Џери Наумоф, докторот Сеад Солаковски, Зоран Савески, Армин Незири, Светлана Колариќ, Зеќир Рамчиловиќ, Марио Цветковски и Драги Димитровски. (Крај)

извор: НоваТв фото: архива