katar2

Катар тужи три земји од Персисикиот залив

Доха, 1. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Катар поднел тужба пред Светската трговска оранизација против три од четирите држави на Персискиот Залив ,кои ги прекинале дипломатските односи со таа земја.

Катар наведе во тужбата дека Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати и Бехреин ги кршат трговските закони и конвенции.

Бојкотот на Катар започна на 5 јуни, кога четири арапски земји ги прекинаа сите дипломатски и сообраќајни односи со таа земја, обвинувајќи ја за поддржување и финансирање на тероризмот.

Изолацијата која над Катар ја спроведуваат државите од Персискиот Залив го принуди Катар на многу скап увоз и пренасочување на воздушните летови. (Крај)

извор: МИА фото: архива