ohrid15.01.20172

Ќе се изработува Менаџмент план за заштита на сливот на Охридскот Езеро

Охрид, 2. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчера беше објавен Огласот за Израбока на Менаџмент план за заштита на сливот на Охридскот Езеро, кој за прв пат ќе биде билатерален и ќе биде во согласност со Европската рамковна директива за води.

Според Дејан Паноски координатор на ГЕФ Дримскиот Проект, планот ќе ги даде правците за упавувањето со сливот што треба да обезбеди и заштита на езерото.

– Период за изготвување на планот е година и половина, а аплицирањето е отворено до 25-ти септември. Донесовме уште една вредност за Охрид. Ова е алката што недостасуваше во управувањето со Охридскот Езеро. Овој план ќе ги даде правците за иднината и на езерото, но и на општините во сливот, вели Пановски, кој повика на заедничка работа во интерес на Охридското Езеро. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес