Biljanini Izvori 3

Повторно пресушија Билјанините извори

Охрид, 3. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Препознатливиот симбол на градот Охрид, Билјанините извори, деновиве повторно пресушија.

Според надлежните од МЈП „Проаква“ Р.Е. Водовод – Охрид, станува збор за природна појава.

– Овие 15-на дена е намалена количината на издашност на извориштето на Билјанините извори. Причината е сушата предизвикана од високите температури, карактеристични за овој период, изјави за Супер радио и ОhridPress, раководителот на технички сектор во охридски „Водовод“, Сашо Сотироски.

Biljanini Izvori 2Biljanini Izvori 1Biljanini Izvori 4Локалитетот „Билјанини извори“ охриѓани го нарекуваат душата на градот. Бројни посетители, доамшни и странски се определуваат токму за посета на изворите. Ова место го користат за да пешачат и да се релаксираат, како и да избегаат од гужвата која владее во центарот на градот.

Но, душата на градот сега е пресушена, а граѓаните се прашуваат дали сушата или можеби човечки фактор е причина за ваквата состојба. Па прашуваат дали треба да чекаме есен и пообилни врнежи од дожд за симболот на Охрид да се врати во живот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес