valentino_1_640x360

Белкоќески: Пица ресторанот „Валентино“ е со понуда која му недостасуваше на Охрид

Охрид, 3. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Пица ресторанот „Валентино“, лоциран на улицата „Јане Сандански“, од неодамна ја збогати угостителската понуда на Охрид.

Станува збор за современ ресторан, опремен со европски шмек и врвна услуга. За капацитетот на објектот, услугата, специјалитетите кои се нудат и во која насока понатаму ќе се развива овој пица ресторан, разговаравме со Петко Белкоќески.

valentino6Супер радио: За почеток, збор два за пица ресторанот „Валентино“.

Белкоќески: Пица ресторанот „Валентино“ свечено беше отворен неодамна. Се наоѓа на добро позната, атрактивна локација. Располагаме со ресторански простор со капацитет од 60 седишта и тераса со 40 седишта. Слободно можам да кажам дека „Валентино“ е неколку класи над другите угостителски објекти.  Ентериерот на објектот е уреден во италијански стил, имаме внимателно одбран, љубезен персонал, главниот готвач е професионалец, со големо светско искуство, а за изгледот на мени картата се погрижи маркетинг менаџер од Холандија. И покрај тоа што сме се` уште на почеток, задоволни сме од одзивот и посетеноста.

valentino8

valentino4Супер радио: Со што се можат да бидат угостени охриѓани и туристите кога ќе го посетат пица ресторанот „Валентино“?

Белкоќески: Уште на почетокот да кажам, она што не издвојува од останатите е што кај нас се воведени два стандарди. Покрај Хасап, кој впрочем треба да е воведен и да се почитува во сите објекти, кај нас е применет и Халал стандардот, што значи имаме посебна  халал кујна, наменета за припадниците од исламска вероисповед. Инаку, што се однесува до храната, самото име кажува, покрај сите видови на пици и паста, овде може да се најдат и специјалитети од риба, морски плодови, месо.

valentino_5_640x360valentino2Супер радио: Ја споменавте уникатноста. По што се разликувате од останатите, во поглед на понудата на специјалитети?

Белкоќески: Покрај шкампи на скара, на нашето мени имаме и шкампи „кардинал“, шкампи со лук, норвешки чаден лосос, потоа Тибон бифтек, црно рижото. Од салатите можам да ги издвојам италијанска и рибарска салата, како и вкусната капрезето салата со моцарела, домати, капари, маслиново масло и босилок.

Супер радио: Дали покрај угостителските, ќе нудите капацитети за сместување?

Белкоќески: Да, секако. Објектот располага и со осум луксузно опремени апартмани, кои многу скоро ќе бидат ставени во функција. Тоа ќе значи комплетирање на понудата, покрај угостителски, ќе нудиме и сместувачки услуги. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес