zoranzaevohrid1

Заев: Граѓаните ќе одлучат кој ќе биде кандидат за градоначалник во нивната општина

Охрид, 5. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Граѓаните, преку анкети, ќе кажат кој навистина тие го посакуваат за татко или мајка на градот во којшто живеат и имаат свои перспективи за во иднина.

Сакаме да го слушнеме гласот на граѓаните и согласно тоа да ги донесеме и одллуките за наши кандидати за градоначалници на претстојните локални избори, истакна премиерот и претседател на СДСМ, Зоран Заев.

– Постапките за избор на кандидати за градоначалници ќе ги продолжиме после 20-ти август за да можеме преку анкетирање, да ги видиме најдобрите кандидати, најдобрите не за Заев,Шеќеринска и Спасовски од делот на СДСМ, туку најдобрите за граѓаните, рече Заев. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива