atletskimaraton

Започна пријавувањето за 31. Меѓународен Атлетски Маратон Охрид 2017

Охрид, 8. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Започна пријавувањето за 31. Меѓународен Атлетски Маратон Охрид 2017, кој ќе се одржи на 8-ми септември.

Сите заинтересирани можат да се пријават на следниот ЛИНК.

И покрај финансиските проблеми и најавеното прекинување на три децениската традиција, сепак течат подготовките за новото издание на оваа значајна спортска манифестација.

Од Здружението „Охридски Атлетски Маратон 2012“ информираат дека за годинашното издание, покрај стандардната трка од Свети Наум до Охрид, во должина од 30 километри, ќе има и трка на 5 километри, а за тоа јавноста ќе биде дополнително информирана. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива