gameoftrones

Хакери бараат милиони во Bitcoin за украдените HBO фајлови од Game of Thrones

Лондон, 8. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Хакери кои го користат името „Mr. Smith“ бараа неколку милиони долари за украдените фајлови од Game of Thrones, кои се во сопственост на HBO.

Станува збор за материјал од пет епизоди на популарната серија, но и интерни документи на компанијата.

Од HBO со став дека работат со полицијата и експертите за безбедност за да се реши проблемот. Во понеделникот изјавија дека „До тој момент не веруваат дека нивниот email систем бил пробиен“.

Game of Thrones е најпопуларната серија на HBO и веќе подолг период е на мета на „дигиталните пирати“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива