spasuvacifirt

Спасувачи на плажа од Фирт на струшката ривиера

Струга, 8. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Спасувачи на плажа од збратимениот германски град Фирт заедно со нивните колеги од општинската организација на Црвениот крст од Струга волонтираат на плажите на струшката ривиера на Охридското Езеро.

Станува збор за активности во рамки на долгогодишната соработка организациите на Црвениот крст на двата збратимени града, јави МИА.

Во текот на оваа седмица спасувачи од двете организации ќе волонтираат на плажите кај Струга и во аква-паркот на хотелот „Изгрев“. Во рамки на посетата на гостите од Германија ќе биде организирана и вежба за спасување за размена на искуства со учество на спасувачи на плажа од Фирт, Струга и Охрид. (Крај)

извор: МИА фото: МИА