nevernebebekadmo

Вечерва концерт на „Неверне бебе“ во Кадмо бар, дел од средствата за хуманитарни цели

Охрид, 10. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во охридскиот Кадмо бар вечерва ќе се одржи концерт на бендот „Неверне бебе“, како дел од нивната балканска турнеја.

Концертот ќе започне во 22:00 часот, а бројот на места е ограничен. Поддржан е од винарија „Далвина“, вода „Горска“ и лајанс клубот „Лихнидос“.

Дел од собраните средства на настанот ќе бидат донирани за помош на лице од Охрид со квадриплегија. (Крај)

извор: / фото: Кадмо