grabezpistol

Вооружено лице ограби аптека на „Зегин“ во Охрид

Охрид, 9. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Маскирано и вооружено лице синоќа со закани ја ограбило аптеката „Зегин“ во населбата Горна Влашка маала Охрид.

Разбојникот со закани од огнено оружје ги побарал парите од вработените, кои во паника преплашени се сокриле во другите простории. Крадецот го одзел целиот дневен промет и избегал од лице место. Според информациите на порталот, разбојникот избегал со автомобил, кој го чекал пред аптеката.

Се преземаат мерки за расчистивање на настанот. (Крај)

извор: МВР фото: архива