policijaopsta

Петгодишно девојче падна од трети кат во Охрид, се наоѓа во животна опасност

Охрид, 9. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Петгодишно девојче од Австралија паднало од третиот спрат на семејната куќа во Охрид, вчера околу 19:00 часот, соопшти полицијата.

Тоа е пренесено во болницата „Св. Еразмо“, каде се констатирани тешки телесни повреди, односно е во животна опасност.

Од страна на екипи од СВР Охрид излезено е на лице место и се преземаат мерки за расчистување на случајот.(Крај)

извор: МВР фото: архива