avtopat Kicevo-Ohrid

Тешко повредени работници ангажирани на изградбата на автопатот Кичево-Охрид

Охрид, 9. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Двајца работници ангажирани на изградба на автопатот Кичево – Охрид се тешко повредени кога паднале од кран.

Според информациите на МВР, вчера во кичевската болница биле примени лицата И.М. (41) од село Митрашинци, Берово, и М.С. (61) од Делчево, работници од „Гранит“, кои работеле на автопатот во изградба Кичево-Охрид во атарот на селото Пополжани.

По укажаната лекарска помош и поради сериозноста на повредите, тие се префрлени во болницата „Св. Еразмо“ во Охрид.

– Од извршениот увид утврдено е дека настанот се случил при кревање кран со дигалка. Во еден момент дигалката изгубила рамнотежа и се превртела, при што лицата што ја управувале дигалката скокнале од работната кабина и се повредиле, информираат од МВР. (Крај)

извор: МВР фото: архива