ezerskibiseri

Интернационален Арт Фестивал Езерски Бисери 2017 во Струга

Струга, 11. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во големата сала на Центарот за култура „Браќа Миладиновци“ во Струга, традиционално по четиринаесетти пат, утре со почеток во 21:00 часот, ќе се одржи Гала концертот на најдобрите натпреварувачи од Арт фестивалот „Езерски Бисери“.

– Меѓународниот арт фестивал-натпревар „Езерски бисери“ е натпревар на уметноста. Доаѓаат пејачи, танчери, инструменталисти и уметници од целиот свет и се натпреваруваат во своите дисциплини, а најдобриот ја понесува наградата од 1000 евра. За наградата Гран при ќе се натпреваруваат млади таленти од Македонија, Русија, Малта, Франција, Полска, Белорусија, Србија, Бугарија, Словенија, Швајцарија, Молдавија, кои ќе бидат оценети од страна на стручно жири. Тие ќе учествуваат во две фестивалски програми: класика и естрада, кореографија и фолклор, информираат организаторите.

Најдобрите македонски учесници добиваат шанса да настапат на повеќе реномирани светски фестивали, меѓу кои и „Славјански Базар“ во Белорусија. Влезот за сите посетители е бесплатен. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива