vladasednica

Владата назначи нови директори на НП „Галичица“ и охридскиот затвор

Охрид, 11. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – На последната седница, Владата на Република Македонија донесе одлука за именување на 67 нови функционери и директори на органи, државни управи и казнено поправни установи, меѓу кои и две во Охрид.

Нов вршител на должноста директор на КПУ Затвор Охрид е именуван Ристе Недески, а нов вршител на должноста директор на Националниот парк „Галичица“ е Андон Бојаџи, кој доаѓа на местото на Зоран Велјаноски. (Крај)

извор: Влада на РМ фото: архива