vinosirenje

Фестивал на вино и сирење во Охрид

Охрид, 11. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Македонските винарски визби, млекарници и индивидуални производители на сирење ја продолжуваат традицијата на одржување на „Фестивалот на вино и сирење“ во Охрид.

Фестивалот ќе трае два дена, на 11-ти и 12-ти август, а учество ќе земат 12 излагачи, кои своите производи ќе ги излагаат од 20:00 часот.

Во рамките на дводневната манифестација, покрај можноста да вкусат добро вино и сирење, за посетителите ќе биде организирана и културно-уметничката програма. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива