arsenal-lester

Жиру донесе победа за Арсенал во голеадата против Лестер

Лондон, 12. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Не можеше да се посака подобар старт на новата сезона во Премиер лигата. Арсенал и Лестер одиграа феноменален натпревар во кој по многу пресврти на крај триумфираа „топчиите“ со 4-3 благодарение на погодокот на Гиру во 85. минута од средбата.

Арсенал дојде до водство уште во 2. минута со голот на Лаказет. Но, веќе во 5. минута Лестер израмни преку Оказаки, а до комплетен пресврт од 1-2 стигна во 29. минута со голот на Варди.

Во 45. минута, „топчиите“ сепак стигнаа до израмнување пред полувремето благодарение на голот на Велбек.

Во второто полувреме, Лестер повторно дојде до предност од 2-3 со голот на Варди во 56. минута, за да потоа следи комплетен пресврт и триумф на Арсенал. Најпрво во 83. минута Рамзи донесе израмнување, а во 85. минута Гиру стрелаше за конечна победа од 4-3. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: ФБ