malmaraton2015

Денеска ќе се плива Олимписки маратон на 10 километри

Охрид, 12. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – За првпат во македонската спортска историја, денеска во Охрид ќе се плива Олимписки маратон во должина од 10 километри.

Како олимписка дисциплина, ќе се пливаат 10 круга од по еден километар. Стартот ќе биде на Старото градско пристаниште, а ќе се плива во круг до хотел „Милениум“.

Првиот олимписки маратон во водите на Охридското Езеро е под капата на ФИНА – Светската пливачка федерација, за регуларноста на трката ќе се погрижат нивни судии и делегат. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива