Masters Montreal

АТП: Полуфинални пресметки на Мастерсот во Монтреал

Монтреал, 12. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Рожер Федерер ја оствари 15-та последователна победа и преку Роберто Баутиста-Агут стигна до полуфиналето на тенискиот Мастерс во Монтреал.

Швајцарецот ги доби двата сета против Шпанецот со 6:4 и веќе е во шестото полуфинале од вкупно осум турнири на кои настапи годинава, а на денешниот меч одигра подобро во однос на осминафиналето против Давид Ферер на кое загуби и еден сет.Денеска во полуфиналето, следен противник на Федерер ќе му биде Холанѓанецот Робин Хасе.

Вториот полуфинален пар го сочинуваат Александар Зверев и Денис Шаповалов,Зверев славеше прптив Андерсон со 7-5,6-4 додека Шаповалов го победи Мањарино со 2-6,6-3,6-4. (Крај)

извор: Дерби.мк  фото: архива