spanovic-2

Контроверзии на СП: Шпановиќ под сомнителни околности остана без медал

Лондон, 12. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Американката Бритни Риз е победничка во скок во далечина на Светското првенство кое се одржува во Лондон.

Ризи имаше скок од 7.02 метри, доволно за златото, пред Русинката Дарија Клишина која имаше скок од 7.00 метри и Американката Тијана Бартолета со скок од 6.96.

Но, вистински контроверзии во оваа дисциплина предизвика последниот скок на српската атлетичарка Ивана Шпановиќ која во последната серија се чини имаше скок над 7 метри, но доби од судиите само 6.91, со што остана на четвртата позиција со претходен скок од 6.96 метри.

Шпановиќ реагираше до судиите, но според известувачите од СП неофицијално на Србинката и се одлепил бројот од дресот и оставил некоја мала трага. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: ФБ