MakKosarkari 1

Македонските кошаркари подготвени да му се реваншираат на Косово

Скопје, 12. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Кошаркарската репрезентација на Македонија е пред голем испит,црвено-жолтите ќе мораат да забележат победа во вечерашниот дуел против Косово, а најверојатно и против Естонија.

По двата порази од Косово на гости и Естонија на домашен терен кошаркарската репрезентација на Македонија е пред тешка задача во претквалификациите за Светското првенство што следната година ќе се одржи во Кина.Избраниците на селекторот Давитков немаат друга опција освен да остварат победи во дуелите против Косово утре и против Естонија закажан за 16 август и тоа со најмалку 5 поени разлика.

Дуелот Македонија – Косово ќе се игра вечерва во СЦ „Борис Трајковски“ со почеток од 20:30 часот.

Како што завчера објави Македонската кошаркарска федерација (МКФ) за овој натпревар со Косово, нема да бидат пуштени во продажба билети и тоа од безбедносни причини, па истиот ќе може да го следат само оние кои претходно имаа обезбедено блок карти за двата претквалификациски натпревари. (Крај)

извор: Алсат М фото: архива