Skendija

Шкендија продаде 10.000 билети за Милан за 24 часа

Скопје, 13. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Шкендија очекува „Телеком арена“ да биде исполнета до последно место за реваншот против Милан, откако македонскиот вицепрвак за само 24 часа продаде над 10.000 влезници за овој дуел од последното квалификациско коло за Лигата на Европа.

„Плејоф-дуелот меѓу Шкендија – Милан предизвика огромен интерес во јавноста. Откако италијанскиот клуб објави голем број на продадени билети за првиот меч во Милано, одлично тргна и продажбата на билети за реваншот што ќе се игра н 24 август во Скопје. За само 24 часа беа продадени 10.000 влезници“ – откриваат од раководството на Шкендија.

Ова ќе биде прво гостување на „росонерите“ во нашата држава и јасно е дека интересот е огромен, не само меѓу фановите во Македонија, туку и во околните земји. (Крај)

извор: Екипа.мк фото: архива