Liverpool unveil new signings Kolo Toure and Simon Mignolet - video

Коло Туре ја заврши кариерата

Ливерпул, 13. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Некогашниот репрезентативец на Брегот на Слонова коска, Коло Туре, потврди дека ја заврши професионалната кариера.

Иако замина во пензија, поранешниот играч на Арсенал, Манчестер Сити, Селтик и Ливерпул ќе остане во фудбалот. Тој ќе работи како тренер во стручниот штаб на олимписката репрезентација на Брегот на Слонова коска.

Коло Туре во кариерата два пати ја освоил Премиер лигата, со Арсенал и Манчестер Сити, а има и титула во првенството на Шкотска.

Со националниот тим беше шампион на Африка во 2015 година. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива