Diego Costa

Диего Коста против Челси на суд

Лондон, 13. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Напаѓачот на шпанската репрезентација Диего Коста, неговиот агент и адвокатите почнале правна процедура против Челси, објавија денеска англиските медиуми.

Причина за тоа е фактот што премиерлигашот не дава дозвола за негов трансфер во Атлетико Мадрид. Шпанскиот клуб има забрана за трансфери до јануари, но тоа не му пречи да преговара со фудбалери кои би имале право на настап дури на 1 јануари 2018 година. Но, освен тоа, Атлетико и Челси не можат да се согласат околу отштетата бидејќи “сините” бараат 40 милиони евра, а тимот на Диего Симеоне нуди десет помалку.

Во образложението за правната постапка, адвокатите на Коста велат дека Челси му пречи на фудбалерот во неговиот развој. Засега е јасно само дека Бразилецот со шпански пасош нема да биде во тимот на Челси на отворањето од новата сезона. (Крај)

извор: Спортклуб фото: архива