Generated by  IJG JPEG Library

Њујорк и Хјустон ги обновија преговорите за Кармело Ентони

Њујорк, 13. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Иднината на Кармело Ентони во Њујорк е неизвесна. Кошаркарот сака трејд во друг тим со оглед на фактот дека со Никс во ниту еден момент не дојде до шанса да се бори за шампионскиот прстен.

Ентони има желба да се пресели во Хјустон, каде се создава нов супертим со оглед на фактот дека на Џејмс Харден летово му се приклучи еден од најдобрите плејмејкери во лигата Крис Пол.

Трејдот е помалку комплициран со оглед на фактот дека Ентони има голема плата и голема вредност на пазарот, па Хјустон ќе мора да се откаже од неколку играчи или во трејдот да се вклучи барем уште еден тим. Ентони веќе се откажа од својата клаузула во договорот со Њујорк дека не смее да биде трејдуван и е подготвен за нов предизвик.

Сериозен интерес за Ентони покажува и Портланд, но овој тим би можел да влезе во конкуренција за трејдот само доколку Њујорк и Хјустон не се договорат. (Крај)

извор: Спорт1.mk фото: архива