tamarodobitnicitableti

Таблети за добитниците на главните награди на супер дружбата во Аквариус со Златен даб и Тамаро

Охрид, 12. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Давор Николоски и Климент Божинов, кои го погодија конечниот резултат на Супер купот во Скопје и средбата помеѓу Реал Мадрид и Манчестер Јунајтед, денес ги добија таблетите кои ги освоија.

Во вторникот во кафе барот Аквариус во Охрид се одржа супер дружба со Златен даб, Тамаро и Супер радио, на која покрај помалите награди и многу ладен Златен даб, се доделија и два таблети.

Давор Николоски и Александра Глигуроска, во име на Климент Божинов, кој беше спречен да дојде во Тамаро, денес ги подигнаа таблетите во просториите на Тамаро.

akvariusfudbal3Оваа акција е само продолжување на летните промотивни акции кои тимот на водечките во Охрид – Тамаро маркети ги организираат заедно со охридското Супер радио, најдобрата локална радио станица во државата.

Очекувајте уште многу забава и многу награди за редовните купувачи во Тамаро и слушатели на Супер радио. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес