dilaverbojkuleku

Од болницата во Струга потврдија дека Леку им подлегнал на повредите

Струга, 14. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Од Општата Болница во Струга потврдија дека лицето кое нешто по 17:00 часот беше донесено во установата во исклучително тешка состојба, како резултат повреди нанесени со огнено оружје им подлегнало на повредите.

– И покрај напорите на персоналот, сепак лицето им подлегна на тешките повреди, изјавија за медиумите во Струга од Општата Болница во Струга.

На плажа во Струга со која стопанисувал лично, денес беше смртно застрелан Дилавер Бојку Леку од страна на едно непознато лице, кое во моментов е во бегство. Веднаш потоа Бојку бил пренесен во Општата Болница во Струга со прострелна рана во глава, каде од страна на докторите била констатирана смрт.

Полицијата започна потрага по ова лице, а покрај во Струга, потрагата неофицијално е проширена и во неколку струшки села.

Нападот се случил околу 17:00 часот на плажата „Аква Блускај“, во сопственост на Леку во Струга. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива