Избор Охрид

Скребатно се подготвува за прославување на Успение на Пресвета Богородица

Охрид, 20. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Организациониот одбор ги прави последните подготовки во пресрет на празникот Успение на Пресвета Богородица.

Илјадници верници по традиција на 28-ми овој месец, ќе дојдат во селото каде ќе се помолат во храмот на Пресвета Богородица, по што за сите ќе биде поделен традиционалниот ручек кој се служи во оваа црква.

skrebatnopodgotovki2На празникот Успение на Пресвета Богородица во кругот на обновената црква во Скребатно се подготвува и дели ручек за 5.000 луѓе, со што се продолжува заветот даден пред повеќе од два века.

Тоа е голем црковно-народен собир посетен од 7-8 илјади домашни и гости од странство, на кој во кругот на обновената црква „Св. Богородоца“ се подготвува и дели ручек за 5.000 луѓе. Необично во целата приказна е што Голема Богородица, како што народот го нарекува големиот христијански празник, толку масовно се празнува во планинското село кое одамна е напуштетно и нема ниту еден постојан жител.

skrebatnopodgotovki3Собирот во секој негов дел секогаш е одлично организиран, уредени се паркинзи и важи посебен сообраќаен режим за празникот што ги поштедува гостите од застои. Се служи манастирска ракија и храна за 5.000 гости, а секогаш е весело со ора и изворна музика.(Крај)

извор: ОхридПрес фото: СкребатноФБ

@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука