deponijastruga4

Владата одлучи: Отпадот од Струга ќе се носи во друга депонија

Скопје, 21. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Започнаа теренските активности за решавање на проблемот со депонијата во Тетово, се решава и проблемот во Струга.

Согласно одлуката од 17-тата седница на Владата на Република Македонија, завршена е и постапката за решавање на проблемот со депонијата во Струга.

Отпадот од општина Струга во натамошниот период ќе се транспортира во депонија што ќе ја договори општинското комунално претпријатие, а сегашната дива депонија ќе започне да се затрупува и ќе биде спроведено нејзино култивирање соодветно на неопходните еколошки стандарди. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива