balcanjam

Bistro Corner ја заокружува сезоната во петок со настапот на Балкан Џем

Охрид, 23. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Bistro Corner остава зад себе уште една успешна летна сезона исполнета со врвни музички настани, но и многу забава за охриѓани и гостите.

– Испраќаме неизмерна благодарност за поддршката која ни ја укажавте и ова лето и со вашето присуство го збогативте амбиентот и расположението во Bistro Corner. Ве покануваме да ја заокружиме оваа летна сезона со незаборавна забава која долго ќе остане во нашите и вашите сеќавања. За таа цел, тимот на Corner подготви бројни изненадувања, а воедно и пониски цени на сите пијалоци во кои ќе може да уживате следејќи ја извондредната изведба на одличните Балкан Џем, порачуваат од Bistro Corner.

Забавата ќе се одржи во петок, на 25-ти август по 22:00 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива