struskivecerinapoezijata

Вечерва ќе бидат врачени трите најзначајни награди на Струшките вечери на поезијата

Струга, 27. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Повеќе настани на претпоследниот ден на овогодинешните 56-ти Струшки вечери на поезијата.

За учесниците на манифестацијата организиран е излет до манастирот Св. Наум со брод и посета на изворите на реката Црн Дрим. Потоа, во предворјето на манастирот е предвидено да се одржи поетско читање.
Од 15:30 часот е сегментот „In Vino Veritas“, односно  прогласување на најдобрата песна посветена на виното.

Во вечерниот термин од 20:30 часот на мостот на поезијата во Струга ќе се одржи меѓународното поетско читање „Мостови“, а ќе бидат свечено врачени и наградите „Златен венец“, „Браќа Миладиновци“ и „Мостови на Струга“.

Како за крај, на полноќ ќе биде прогласен добитникот на наградата „Енхалон“. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива