anitazlatno

Анита Мицова го промовира спотот за „Златно жито“

Струга, 29. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – „Златно жито“ е новиот сингл од албумот „Ти сум јас“ на Анита Мицова кој деновиве доби видео запис.

– Другари, Ви го претставувам видео записот за песната „Златно жито“. Морам да упатам благодарност до Gorilla Produkcija за видеото и Весна Малинова Бабамова и Кирил Бабамов за аудиото, напиша Анита на нејзиниот профил на Facebook.

Таа упати благодарност и до сите кои помогнаа да се реализира целиот проект.

Анита Мицова беше дел и од Талент шоуто OhridSUPERSTAR, кое во организација на Супер радио и Тамаро се одржа неодамна. Во шоуто таа работеше и им беше ментор на дел од младите пејачи кои се пријавија на првото издание на ова шоу. За нејзините размислувања за музиката, но и многу повеќе интересни информации за Анита ОВДЕ. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: Анита Мицова