policijaopsta

Кривични за три лица од струшко Радолишта поради сторено дело „насилство“

Струга, 29. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Три лица од струшкото село Радолишта заработија кривични пријави поради сторено кривично дело „насилство“.

Станува збор за лицата: И.П. (52), И.И. (32) и И.А. (28), кои на 10-ти овој месец, по претходна расправија во домот на И.А. во Радолишта, а во врска со дрва кои биле оставени на имотот од пријавителот, физички го нападнале И.А. неговата сопруга и неговите две деца.

Нападот бил спречен од страна на соседите. Се превземаат мерки и активности за расветлување на кривичното дело. (Крај)

извор: МВР фото: архива