liljanaspasovska

Лилјана Спасовска седнува во фотелјата на Зврлевски до избор на нов јавен обвинител

Скопје, 29. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Обвинителката Лилјана Спасовска е назначена за вршител на должноста јавен обвинител на Република Македонија, на местото на Марко Зврлевски.

Македонското собрание го разреши Зврлевски од должноста на 17-ти овој месец.

Одлуката е донесена на денешната седница на Советот на јавни обвинители. Спасевска ќе ја извршува должноста до изборот на нов јавен обвинител на Република Македонија.

Досегашниот претседател на Советот,Петар Аневски, непосредно пред изборот на Спасевска, поднесе оставка од функцијата. Аневски продолжува да биде член на Советот до завршување на неговиот мандат. (Крај)

извор: Фокус фото: архива