shalter1

Две смени во дел од државните институции, судот со ново работно време

Скопје/Охрид, 31. август 2017 (ОХРИДПРЕС) – Шалтерите на Управата за јавни приходи, Царинската управа, Управата за водење матични книги, службите за издавање лични карти и пасоши во МВР и во одделенијата за одбрана на региони со градови и општини во Министерството за одбрана од утре ќе имаат ново работно време и ќе работат во две смени.

Според одлуката на Владата за распоред на работното време во органите на управата, првата смена ќе работи од 07:30 до 14:30 часот, а втората смена од 14:30 до 21:30 часот. Шалтерите на овие институции ќе бидат отворени и секоја прва сабота во месецот од 08:00 до 16:00 часот.

Со ново работно време од понеделник, 4-ти септември ќе бидат и судовите. Со работа ќе се почнува 07.30 часот и ќе завршуваат во 15.30 часот. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива