izvodnarodeni

Барање за извод од матична книга на родени може да се поднесе и по електронски пат

Охрид/Скопје, 2.септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Барање за издавање извод од матична книга на родени може да се поднесе и по електронски пат. Управата за водење на матичните книги го стави во функција порталот e-portal.uvmk.gov.mk.

Граѓаните при поднесување на електронското барање може да изберат во кое матично подрачје ќе сакаат да си го подигнат изводот. Лицата кои ќе поднесат апликација за извод, ќе добијат соодвена нотификација на е-маил адресата која е оставена за контакт од нивна страна, кога да дојдат до шалтерите на Управата за да си го подигнат изводот.

e izvod

– Напоменуваме дека барање за издавање на изводи мора да се поднесе лично и изводот на шатерите ќе мора да се подигне лично со покажување на документ за лична идентификација. Исто така родителите може да поднесат барање за своето малолетно дете. За сите дополнителни информации околу барањето за поднесување на изводот може да се најдата во Упатството за оваа намена, во кое се објасните сите чекори за барањето, стои во соопштението од Управата за водење на матичните книги.

До крајот на оваа година преку истиот портал ќе биде овозможено електронски да се поднесуваат и барања за издавање изводи од матична книга на венчани и матична книга на умрени, а ќе постои можност граѓаните да ги добиваат документите на нивните домашни адреси. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива