ohrid_fest_1_640x360

Вечерва започнува „Охрид фест – Охридски трубадури“, за првпат ќе оди на Facebook live и You tube

Охрид, 6. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва стартува 24-то издание на Интернационалниот фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“.

Љубителите на музиката три вечери ќе уживаат во новите над 60 фолк и поп рефрени, а она што е особено препознатлив знак за фестивалот е секогаш атрактивната интернационална вечер. Почетокот е од 20:00 часот.

Фестивалската сцена е поставена на потегот  меѓу  хотелот „Нова Ривиера“ и брегот на Охридското Езеро.

– Тоа ќе овoзможи поголема комуникација меѓу организаторите, пејачите, техниката и новинарите и ќе ги намали нервозите околу секојдневните патувања од хотелите до фестивалската  сцена и назад. На терасата на хотелот ќе биде сместен и прес центарот на фестивалот, истакна директорот на фестивалот, Григор Копров.

После секоја фестивалска вечер, во хотелот „Нова Ривиера“ ќе се одржуваат фестивалски балови, на кои со претходна резервација ќе може да присуствуваат и да се дружат со пејачите сите заинтересираните граѓани или туристи кои престојуваат во градот.

scenaohridfest

Покрај македонските пејачи, има учесници од повеќе земји Грција, Бугарија,Србија ,Словенија, Црна Гора,Албанија , Хрватска и Русија.

Вечерва сцената е резервирана за фолкерите. Во трката за трите награди од публиката и трите од жирито, наградите за најдобар сценски настап,аранжман, текст и интрепретација ќе учествуваат песните кои ќе ги изведат Благица Павловска, Ленче и Горан Кукиќ, Нино Величковски, групите „Соната“, „Скопски боеми“. По завршувањето на официјалниот дел ,додека се пребројуваат гласовите на публиката и жирито, своја шоу програма ќе има групата „Биоритам“.

Во поп вечерта ќе имаме 20-на нови композиции, а на сцената ќе ги видиме: Влатко Илиевски, Лена, „Камелеон“, Пепа, Ѓоко Ѓорчев, Моротов бенд, Денис Димовски, како и финалистките на првото талент шоу OhridSUPERSTAR, Андреа Јованоска и Емилија Петровска.

Еден од пејачите кој сигурно ќе го сврти вниманието на посетителите и тв гледачите на интернационалната вечер, кој за првпат доаѓа на фестивалот е Кристијан Рахимовски-Кики, синот на познатиот Аки Рахимовски, водачот на „Парни валјак“. Потоа атрактивен ќе биде дуетот на Маја Оџаклиевска со познатиот руски пејач Иван Ацулов. Тука ќе бидат и словенечката претставничка на „Евровизија“, Нуша Деренда, потоа Валентино, Маја Николиќ и други.

Во ревијалната програма ќе настапи познатиот шармер Владо Калембер.

Фестивалот „Охрид фест- Охридски трубадури“ ќе биде пренесуван преку австралиската сателитска телевизија  INTV. Истo така  тв пренсот од фестивалот ќе им биде достапен  и на гледачите од балканските  земји преку  телевизиите од  Србија -. TV Kopernikus,  i TV Belami,  од Бугарија  -Tv Balkanika ,од Босна и Херцеговина -Hayat tv ,од Хрватска  -Z1 TV ,  Словенија  – Net TV, Црна Гора -TV Montena, и од Албанија – Vision plus. За првпат, фестивалот ќе може да се следи  на Facebook  live и You tube. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес/Охрид фест