u2blackout

U2 го издадоа новиот албум „Songs of Experience“, првиот сингл „You’re the Best Thing About Me“ денес премиерно на Супер радио

Лондон, 6. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Откако на 31-ви август на своите фанови им ја понудија песната „The Blackout“, легендарните U2 денес официјално го издадоа новиот албум „Songs of Experience“.

Првиот официјален сингл од албумот, кој денес беше промовиран е „You’re the Best Thing About Me“, песна која потсетува на најдобрите времиња на групата и е одлична најава за она што може да го очекуваме од новиот албум на групата, која последен пат издаде албум во 2014-та година, кога ни го подари Греми-номинираниот „Songs of Innocence“.

Новиот сингл на култната Ирска група ќе биде промовиран на Супер радио, денес нешто по 15:00 часот, во рамките на емисијата „60 среќни минути со Тамаро“ со Александра. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива