cvetomirugrinoski

Светомир Угриновски е кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Вевчани

Вевчани, 6. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Досегашниот градоначалник Светомир Угриновски повторно ќе биде кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Вевчани.

– Светомир Угриновски кој една од најмалите општини Вевчани, успеа да ја стави на мапата на најголеми туристички и културни дестинации на државата, за што придонес има неговата досегашна работа и посветеност на подигање на условите за живот. ВМРО-ДПМНЕ се водеше исклучиво според личниот и професионалниот капацитет на кандидатите, нивниот досегашен придонес, но и визијата за локалниот развој во општината во која се кандидира. Сите кандидати уживаат углед, кредибилност  и поддршка помеѓу граѓаните што е гаранција за напредок и реализација на бројни проекти во интерес на локалната заедница. Ние нудиме концепт на работа, чесност, отчетност и одговорност. Ние за разлика од СДС не нудиме лаги и манипулации кои на крајот од секој мандат се паметат како нереализирани ветувања и празни зборови на хартија, истакна на денешната прес конференција генералниот секретар на партијата Христијан Мицкоски.

– Почитувани сограѓани Вевчанци и официјално Ве известувам дека ќе бидам повторно кандидат за Градоначалник на најубавата општина во Македонија, општина Вевчани. Продолжуваме, порача на неговиот профил на Фејсбук Угриноски. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива