emilijaohridfest2

Емилија Петровска од OhridSUPERSTAR е најдобар дебитант на „Охрид фест“

Охрид, 7. септември (ОХРИДПРЕС) – Емилија Петровска со песната „Одговор“ ја освои наградата за најдобар дебитант на Поп вечерта на годинешното издание на реномираниот фестивал „Охрид фест“.

Музиката за „Одговор“ е дело на Даниел Јовески, текстот го потпишува Јовица Каралиевски, а аранжманот е на Даниел Јовески и познатиот охридски гитарист Дамјан Пејчиноски.

emilijaohridfestМладата Емилија беше финалист на првото издание на Талент шоуто OhridSUPERSTAR. Таа заедно со Андреа Јованоска која вечерва се претстави со песната „Љубена“ добија награди од жири комисијата на Талент шоуто, но и можност за настап на фестивалот на „Охрид фест 2017“.

andreaohridfest2Третиот член на жири комисијата на OhridSUPERSTAR Димче Китрозоски, заедно со Жармена настапи на „Охрид фест“ со песната „Како едно“.

Повеќе за Емилија од интервјуто кое неодамна го имаше за порталот OhridPress.

andreaohridfestОва е само продолжение на активностите кои следуваа по првото издание на Талент шоуто OhridSUPERSTAR. На фестивалот „Езерски бисери“ неодамна настапија Ирма Гогова, Ивана Коскоска и Светлана Вељаноска, кои имаа забележителен настап, а во тек е и радио проектот на Илија Богданоски, кој на шоуто ја доби токму таа награда. Наскоро на регионалната О2 телевизија ќе започне да се емитува и Тв проектот, кој е во продукција на Супер радио и Тамаро, а е исполнување на наградата за Тв проект на младата актерка Ангела Маркоска. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес