izbirackispisok

Вечерва на полноќ истекува рокот за увид во избирачкиот список

Охрид, 9. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вечерва на полноќ истекува рокот за јавен увид во избирачкиот список, во пресрет на локалните избори.

Според податоците од Државната изборна комисија, заклучно со 6-ти септември, во општинската организација во Охрид, проверка направиле 1717 охриѓани.

Списокот за Локалните избори закажани за 15-ти октомври, според Роковникот, ДИК треба да го заклучи најдоцна 15 дена по завршениот јавен увид односно до 24-ти септември. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива