ok vmro dpmne

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да дозволиме никој да носи одлуки без да го чуе гласот на народот

Охрид, 9. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Престанете да ширите небулози дека грижа Ви се граѓаните, кога повеќе од јасно е дека приоритет се мигрантите бидејќи со Стратегијата се предвидува изградба на нови населби со цел трајно вдомување на бегалците во Охрид и Македонија, реагираат од ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Охрид на прес конференцијата на координаторот на советничката група на СДСМ, Јован Стојаноски.

– Ние, како партија, ВМРО-ДПМНЕ ја поддржуваме иницијативата за референдум и никогаш не сме биле против бегалците, напротив ние сочувствуваме со нивната трагедија, но цврсто стоиме на ставот и порачуваме дека нема да дозволиме никој да носи одлуки без да го чуе гласот на народот. Најмалку да си игра со нашата судбина и судбината на нашите деца. Охрид е народот и народот е Охрид, стои во реакцијата.

Од ОК на ВМРО-ДПМНЕ ги повикуваат како советници од СДСМ да гласаат против населувањето мигранти, а не да бидат воздржани или да не гласаат. Со тоа ќе ја докажете грижата, а не штетата за охриѓани криејќи се дека некои прашања повторно не заслужуваат одговор, велат од охридското ВМРО-ДПМНЕ. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива