mvr_foto

Охриѓанка била физички нападната во центарот на Скопје

Скопје/Охрид, 9. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Вчера во 17:00 часот во ПС Центар во Скопје, 20 годишната охришанка А.А. пријавила дека, истиот ден во 15:20 часот на улицата „Кеј 13-ти Ноември“, физички била нападната од страна на лицето С.Б, информираат од МВР.

Охриѓанката пријавила дека тој ја удрил со  рака во пределот на лицето, при што и биле нанесени видливи повреди. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот. (Крај)

извор: МВР фото: архива