Димитар Пандев во Скопје ќе го промовира „Толковниот речник на македонскиот јазик“
Скопје/Охрид, 25. март 2015 (ОХРИДПРЕС) – Денес во Институтот за македонски јазик во Скопје, охридскиот филолог, публицист и литературен критичар, проф. д-р Димитар Пандев, ќе го промовира шестиот том од „Толковниот речник на македонскиот јазик“.
Покрај Димитар Пандев, промотори на публикацијата се проф. д-р Људмил Спасов и проф. д-р Марко Самарџија од Универзитетот во Загреб.
Проф. Димитар Пандев е филолог и литературен критичар. Роден е 1958 година во Охрид. Живее и работи во Скопје. Неговата заложба за лингвистичка анализа, резултираше со ангажираност во уредувањето и на предходните томови на „Толковниот речник на македонскиот јазик“. (Крај)
извор: ОхридПрес фото: архива
@OhridPress - Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на OhridPress значи дека се согласувате со условите за преземање, кои се објавени тука |