vitaminkatamaro

„Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“ со „Витаминка“, „Тамаро“ и Супер радио

Охрид, 11. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Септември и октомври 2017 година ќе бидат месеци на „Витаминка“ во Охрид, порачуваат организаторите на новиот проект „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“.

– Во текот на овие два месеци, а како продолжение на многуте акции кои ги спроведовме периодов наназад, ќе имаме многу интересни настани и многу забава и награди за купувачите на „Тамаро“. Ќе не има секаде, ќе ги наградуваме сите. Ќе има специјални награди за оние кои ќе погодат која слика се крие зад големата сложувалка која веќе е поставена во центарот на градот, на терасата на кафе бар „Shilla“, ќе има донации за училиштата во Охрид, секојдневни награди за слушателите на Супер радио, слатки акции во најдобрите охридски кафе барови, конкурс за најдобар цртеж со мотив од Охрид за охридските ученици, изложба на најдобрите цртежи, дневни и неделни акции во „Тамаро“ маркетите со многу вредни награди – таблети, мобилни телефони, пакети со највкусните „Витаминка“ производи, маички и многу други. За најдобрите цртежи имаме посебно изненадување и посета на фабриката на „Витаминка“ во Прилеп, порачуваат организаторите.

Посебна екипа за време на Денот на независноста на Република Македонија, 8-ми септември подели 100-тина државни знаменца во центарот на градот.

znamevitaminkaВо рамките на проектот „Го сакам Охрид, ја сакам Витаминка“ кој го организираат водечките охридски „Тамаро“ маркети и Супер радио ќе има и посебни награди за најдобрите меѓу вредните домаќинки кои ќе купат производи од слатката програма на „Витаминка“ во некој од „Тамаро“ маркетите и со нив ќе направат торта или слатки.

– Треба да ни испратат фотографија од нивното слатко ремек дело на официјалниот профил на „Тамаро“ на Facebook. Исто така е интересна и огромната сложувалка која е поставена на терасата на кафе бар „Shilla“. Треба да направите фотографија од истата и заедно со точниот одговор – кој производ на „Витаминка“ се крие зад сликата да ја испратите на профилот на „Тамаро“ на Facebook.

shilavitaminkaОва е само продолжение на супер атрактивните проекти кои охридските „Тамаро“ маркети ги спроведуваат периодов наназад со Супер радио, водечката локална радио станица во државата. Изминатото лето се забавувавме со „Супер Винчини летото“ на плажата „Амброзија“, имавме супер дружба во „Аквариус“ со „Златен даб“, неповторливи забави со Илија Богданоски од OhridSUPERSTAR заедно со Nescafe во „Тамаро“ маркетите, „Подравка летото со Лино“ и многу други. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: ОхридПрес