improvokacija_3_640x360

Во петок почнува новата сезона „Импровокација“

Охрид, 11. септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – Во петок, 15-ти септември, започнува новата, трета сезона, на театарската импровизација „Импровокација“.

И во оваа сезона за добрата забава и смеа ќе се погрижат „импровокаторите“ Стрезо Стаматовски, Никола Тодороски и Филип Кипровски, помогнати од Филип Ангеличин Жура. Тие порачуваат: Биди дел од (р)еволуцијата, гледај „Импровокација“.

Местото на одржување исто како и минатата сезона, алтернативната сцена на театарот, во подрумските простории на Центарот за култура.

Почетокот е во 21:00 часот. Карти може да се набават во музичка продавница Зизи Топ, во претпродажба по цена од 150, а на денот на изведбата 200 денари. (Крај)

извор: ОхридПрес фото: архива