ChLeagueSR

Започнува 26.сезона во ЛШ, на стартот Барса-Јуве и Рома-Атлетико Мадрид

Барселона, 12.септември 2017 (ОХРИДПРЕС) – На осум европски стадиони вечерва ќе започне 26. сезона во најквалитетното натпреварување во клупскиот фудбал, Лигата на шампиони. Титулата во сезоната 2017/2018 ја брани Реал Мадрид.

Триесет и два тима поделени во осум групи, од вечерва  ја започнуваат трката по највредната титула во клупскиот фудбал. Актуелен шампион е Реал, кој стана првиот тим кој од 1992 година кога Купот на европските шампиони стана Лига на шампиони успеа да ја одбрани титулата.

Покрај Реал и оваа сезона фаворитите се Барселона, Баерн, Атлетико Мадрид, Јувентус, но и премиерлигашите Манчестер Јунајтед, Челси, Манчестер Сити и Ливерпул.

Оваа сезона во елитата се враќаат Манчестер Јунајтед и Ливерпул, но и европскиот првак од 1970 година Феенорд. Холандскиот шампион последен пат беше дел од елитата пред 15 години.

Во Лигата на шампионите ќе дебитираат вицепрвакот на Германија, РБ Лајпциг и шампионот на Азербејџан, Карабаг.

Првата вечер во Лигата на шампионите ги носи пресметките во групите А, Б, Ц и Д. Дербито се игра на „Камп Ноу“ помеѓу Барселона и Јувентус. Ова ќе биде реприза на финалето во 2015 година кога Барселона ја освои титулата со победата 3:1, односно реприза на минатосезонското четврт-финале кога Јувентус со 3:0 и 0:0 се пласира во финалето.

Второто дерби е на „Олимпико“ во Рим, каде Рома ќе го пречека минатосезонскиот полу-финалист и финалистот од пред две сезони Атлетико Мадрид.

Група А:
Манчестер Јунатед-Базел
Бенфика-ЦСКА Москва

Група Б:
Селтик-ПСЖ
Баерн Минхен-Андерлехт

Група Ц:
Рома-Атлетико Мадрид
Челси-Карабаг

Група Д:
Барселона-Јувентус
Олимпијакос-Спортинг Лисабон

Натпреварите започнуваат во 20:45 часот. (Крај)

извор: Макфакс фото: архива